Автомобил одземен од полицијата поради учество во „диви“ трки во Скопје / Фото: МВР

Возила користени во „диви“ трки во Куманово одземени од МВР

Одземени биле возила користени во „диви“ трки во Куманово, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во Секторот за внатрешни работи – Куманово вчера и завчера пријавено било дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат „диви“ трки со патнички моторни возила што предизвикуваат голема бучава.

– Веднаш биле преземени мерки од полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР – Куманово и поради сомнение за сторен прекршок, одземени биле патничко моторно возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.В., 20-годишно лице од прилепското село Долнени и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р., на возраст од 21 година од Тетово, се наведува во соопштението на МВР.

По целосно документирање на слуајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот