Фото: nsw.gov.au / илустрација

Возач на четирицикл удрил во пешаци во Битолско, четворица луѓе се повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила на локален пат во Битолско во неделата, а притоа се повредени четворица луѓе, соопшти МВР.

„На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(36) од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С.(25) и В.Т.(36), двајцата од Прилеп. Во несреќата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. и сопатникот од четирициклот С.Р.(32) од Австралија се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила екипа на СВР Битола“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот