Љуљзим Фаризи/фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Вонредно издание на Митови и факти | Трагедиите се резултат на полнењето на инспекциите со партиски кадар

Љуљзим Фаризи е познат во јавноста како политички аналитичар, но во најновото издание на Митови и факти тој ни открива како функционираат инспекциските служби внатре, бидејќи и самиот е трудов инспектор.

Тој открива дека испекцисиските служби имаат хроничен недостаток од кадар, кој системски се надополнува со партиски активисти. Надзорот на субјектите неретко се врши селективно, голем проблем е корупцијата, но и законските решенија и политиката на мали казни.

– Јас мислам доколку адекватната инспекциска служба отишла таму да врши надзор би ја забранила за работа дискотеката и ако не ги исполнува техничките потреби, инспекциските служби си имаат механизам како да го прават тоа за да изречат мерка забрана за вршење на дејноста. Но, тој можел утредента да ја скине пломбата и да проложи да работи. Јас мислам дека повеќе е на свеста на луѓето, во конкретниот случај на газдата на објектот – вели фаризи

Во ова вонредно издание на Митови и факти тој говори дека пред неколку години го посетил кафулето на сопственикот на дискотеката во Кочани и му пишал казна бидејќи утврдил вработен кој не бил уредно пријавен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот