Мјанмар / EPA-EFE/NYEIN CHAN NAING

Војската пукаше во хуманитарен конвој во Мјанмар

Војската на Мјанмар синоќа пукала врз конвој кој носел помош во областите погодени од земјотресот, јавува Би-Би-Си.

Националната ослободителна армија Таанг (TNLA), вооружена бунтовничка група, соопшти дека војниците пукале врз конвојот со девет возила користејќи тешки митралези додека минувал низ населеното место Наунг Чо во северната провинција Шан на пат кон Мандалај.

Според информациите, конвојот ја информирал хунтата за својата рута и за плановите за испорака на помош. Армијата пак тврди дека не била информирана дека конвојот ќе помине и дека отворила оган бидејќи конвојот не застанал. Во нападот, како што соопшти Хунтата, нема повредени, а инцидентот се истражува.

Зградите во Мјанмар се уште се уриваат пет дена по силниот земјотрес што ја погоди земјата, создавајќи опасни услови за спасувачите додека се обидуваат да извлечат преживеани од урнатините.

Повеќе од 2.900 луѓе ги загубија животите во земјотресот со јачина од 7,7 степени, додека илјадници се повредени. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати, што значи дека бројот на загинати речиси сигурно ќе се зголеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот