Разрушени згради во Манделеј/Фото: EPA-EFE/STRINGER

Воената хунта во Мјанмар го продолжи примирјето до крајот на месецот

Мјанмарската хунта денеска објави дека го продолжува до 30 април примирјето што го објави на 2 април со цел да ги олесни хуманитарните напори по смртоносниот земјотрес што го погоди центарот на земјата.

Ова соопштение беше објавено неколку часа пред закажаниот истек на прекинот на огнот, на полноќ по локално време.

„Армијата го продолжува привремениот прекин на огнот од 23 април до 30 април со цел да продолжи со реконструкцијата и рехабилитацијата“ на областите погодени од земјотресот со јачина од 7,7 степени на 28 март, во кој загинаа најмалку 3.700 луѓе, се вели во соопштението на нејзиниот тим за комуникација.

Генералите се заканија дека ќе преземат „неопходни активности“ доколку нивните непријатели нападнат „комуникациски патишта“, „позиции на безбедносните сили“ или се обидат да ја „прошират својата територија“ за време на прекинот на огнот, предупредија тие.

И покрај првичното соопштение за прекин на огнот, воените операции продолжија на двете страни, соопштија Обединетите нации, групите за набљудување конфликти и жителите.

Агенциите за помош и регионалните сили повикаа да се почитува прекинот на огнот додека хуманитарните напори влегуваат во својата четврта недела.

Водачот на Хунтата Мин Аунг Хлаинг во четвртокот во Бангкок, Тајланд се состана со малезискиот премиер Анвар Ибрахим , кој исто така претседава со регионалниот блок на азиски и југоисточни азиски нации (АСЕАН), на ретки разговори на највисоко ниво за време на кои беше покренато прашањето.

Најмалку 60.000 луѓе живеат во шатори во кампови по земјотресот, според Обединетите нации, кои зборуваат за два милиони жители на земјата на кои им е „критична потреба од помош и заштита“.

Од државниот удар на 1 февруари 2021 година, Мјанмар е втурнат во крвав конфликт меѓу хунтата и нејзините непријатели извлечени од етничките малцинства и продемократското движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот