
ВО ЖИВО | Конфликтот во Украина, вести од минута во минута
23:30 Путин: Нема да ги мобилизираме Русите да се борат во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин вечерва изјави дека нема да испраќа регрути и резервисти да се борат во Украина и оти офанзивата ја водат „професионалци” кои извршуваат „зададени задачи”, јавија светските агенции.
Препорачано
– Сакам да истакнам дека војниците кои отслужуваат воен рок не учествуваат и нема да учествуваат во борбите. Исто така, нема да има мобилизација на резервниот состав, рече Путин во телевизиски говор по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената.
– Поставените задачи ги извршуваат само професионални војници. Сигурен сум дека тие успешно му гарантираат безбедност и мир на рускиот народ, додаде Путин.
23:06 Поранешниот руски министер за надворешни работи: Путин не е луд, ова се причините поради кои ја нападна Украина
Поранешниот руски министер за надворешни работи Андреј Козирев, кој беше под претседателот Борис Елцин, на Твитер објави кратка анализа за инвазијата на Украина. Како што вели, Путин не полудел, но е многу рационален.
Lots of discussions about the threat of nuclear war from the Kremlin and whether Putin is rational. I share my thoughts in this thread.
To frame: I do not believe Russia would use nuclear weapons and I believe Putin is a rational actor.
— Andrei V Kozyrev (@andreivkozyrev) March 6, 2022
22:15 Евтините кинески гуми „обвинети“ за ненапредокот на рускиот конвој до Киев
Евтините кинески гуми се „обвинети“ за тоа што рускиот конвој на оклопни возила, не може да стигне до Киев. Министерството за одбрана објави податоци во кои се открива дека конвојот руски тенкови што напредувал кон главниот град на Украина, останал на 30 километри од центарот на градот и имал многу мал напредок во претходните три дена поради „украинскиот отпор, механичкиот дефект и застојот“, објави cityam.com.
Карл Мут, академик од Универзитетот во Чикаго и самонаречен експерт за гуми, на Твитер објави теорија, во која вели дека евтините кинески гуми се виновни за бавниот напредок на руските возила.
„Тоа не се тркала на тешки камиони од советската ера“, напишал Мут, коментирајќи ја фотографијата од возило на руската армија со искинати гуми.
21:44 Упатства за жителите на Мариупол: Не излегувајте додека не слушнете порака на разглас
Во пристанишниот град Мариупол на југот на Украина, полицијата одела од засолниште во засолниште за да им пренесе едноставна порака на оние кои со денови се под земја поради бруталното руско гранатирање, пишува Гардијан.
Пораката што ја добиле преплашените жители била: „Не излегувајте додека не ја слушнете пораката на разглас. Не обидувајте се да се евакуирате и покрај ветувањата на руските сили за безбедно поминување“.
Опколениот град има 430.000 жители.
21:01 Пленковиќ: Можеме да бидеме горди што сме на листата на Путин
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ даде изјава по седницата на Претседателството и Националниот комитет на ХДЗ.
Тој се осврна на фактот дека Хрватска заедно со другите земји кои воведоа санкции кон Русија се на списокот на Путин.
„Ако сте на таа листа, тоа значи дека сте воделе добра политика. Можеме да се гордееме со тоа“, рече Пленковиќ.
20:25 Ракетиран албанскиот почесен конзулат во Харков
Зградата во која работеше почесниот конзулат на Албанија во украинскиот град Харков синоќа беше погодена од руски ракети, соопшти Министрството за Европа и надворешни работи.
„Во нападот немаше повредени или жртви. Осудувајќи го нападот, албанскиот конзулат потврдува дека неговиот персонал е безбеден”, се наведува во објавата на Твитер.
Во врска со овој тежок инцидент остро реагираше албанското министерство, наведувајќи дека сторителите мора да одговараат.
„Албанија најостро ја осудува руската агресија што доведе до уништување на почесниот конзулат во Харков. Авторите мора да одговараат. Стоп за руската агресија. Останете со Украина”, се навеудва во реакцијата на албанското Министерство за Европа и надворешни работи.
19:46 Русија за неколку дена се претвори во Северна Кореја
Најлудиот светски лидер сега, без сомнение, е Владимир Путин, барем кога станува збор за перцепцијата на западната јавност. Деновиве рускиот претседател одлучи својата земја да ја претвори во своевидна верзија на Северна Кореја. Ретко кој може да биде задоволен од ваквиот развој на настаните.
Ким Џонг-ун природно ја оправдува инвазијата на Путин на Украина. Со триумфален тон, Министерството за надворешни работи на Северна Кореја рече дека Соединетите Држави и нивните сојузници „систематски ја поткопуваат безбедносната средина во Европа со тоа што стануваат поочигледни во нивните обиди да распоредат вооружен систем за напад“. Се што сака Русија, се вели, е „правна гаранција за безбедноста“. Не случајно, ова е терминологијата што Северна Кореја ја користи за да ја рационализира својата нуклеарна програма.
19:00 Орбан дозволи распоредување на НАТО сили во западна Унгарија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска потпиша одлука со која им се дозволува на Северноатлантската алијанса да распореди сили во западниот дел на земјата и пратките со оружје да можат да транзитираат низ унгарска територија и другите земји-членки.
Одлуката предвидува силите за одговор на НАТО да бидат стационирани западно од реката Дунав и унгарскиот воздушен простор да се користи за транзит. Додека силите и опремата кои за Украина би можеле да поминат низ или над Унгарија, ако одат во друга земја-членка на Алијансата, а потоа да стигнат во Украина.
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто минатиот месец изјави дека транзитирањето на оружје за Украина ќе ја загрози „безбедноста на Унгарија и унгарската заедница во Закарпатскиот регион” (западна Украина).
18:15 ВИДЕО | Руски затвореник: Ни рекоа да се бориме против нацистите, ова е геноцид
Заробениот руски командант се молел за „милост“ за силите на Путин кои ја нападнале Украина, велејќи дека тие биле вмешани со измама во инвазијата и дека им било кажано дека „владата е соборена од нацистите и дека е потребно ослободување“.
Човек кој рече дека е потполковник во специјалната единица на руската национална гарда, изјави за новинарите дека на неговите сонародници им бил „исперен мозокот“ за да ја поддржат војната, но откако лично ја видел ситуацијата во Украина, сега се чувствувал „засрамен“ од учеството во „геноцидот“ и вели дека Украинците имаат „право“ на отпор, пренесува Дејли Мејл.
Астахов Дмитриј Михајлович рече дека неговите сомнежи се оствариле кога видел двајца од неговите омилени боксери – Олександр Усик и Василиј Ломаченко – како се согласуваат да се борат за отпор.
17:35 Русија најави нови услови за завршување на војната, различни од пред една недела
Русија ѝ кажа на Украина дека е „подготвена веднаш да ги прекине воените операции доколку Киев исполни три услови“, изјави портпаролот на Кремљ.
Дмитриј Песков рече дека Москва сака Украина да запре воена акција, да го промени нејзиниот устав за да обезбеди неутралност (гаранција дека Украина нема да стане членка на ниту еден блок – ЕУ или НАТО), да го признае Крим како руска територија и да ги признае сепаратистичките републики Доњецк и Луганск како независни држави.
17:00 Луѓето на Путин минатата година: Се ќе започне во Украина и ќе заврши со нуклеарна војна со НАТО
Дека Русија се подготвува за војна со Украина, минатата година сугерираа руски медиумски пропагандисти и државни функционери. Тогаш рекоа дека борбата ќе започне во Украина, но дека ќе се прошири многу повеќе.
„Се ќе започне во Украина“, рече Анджеј Сидоров, продекан за светска политика на Московскиот државен универзитет, минатата година како гостин во неделата вечер во ТВ-емисијата со Владимир Соловјов, која се емитуваше на првата руска државна телевизија „Русија 1“.
„Ќе бидеме принудени да зачекориме на бојното поле во борба за која мислат дека сме подготвени“, додаде тој. Водителот го праша „ против кого се борите?“, на што Сидоров одговори: „Против целиот Запад“.
16:16 Германија одби да го прекине увозот на нафта и гас од Русија
Германскиот канцелар Олаф Шолц одби да го прекине увозот на енергенси од Русија, со оправдување дека нафтата и гасот се од голема важност за европската економија.
Додека Европската унија се обидува да најде алтернативно решение за енергенсите кои ги добива од Русија, Германија реши да не ја поддржи идејата за запирање на истите.
„Ќе продолжиме со активностите и увозот на нафта и гас од Русија“, кажа Шолц.
14:07 Медведев повторно го прозва Западот: Колеги, честитки за рекордната цена на гасот
Поранешниот претседател на Русија, а сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, во саркастичен тон им го честиташе на , како што ги нарече , свите европски колеги за цената на гасот, која достигна рекордно ниво.
„Можам само да им честитам на моите далекувидни европски колеги кои сигурно се бранеа од подмолните Руси и од проектот Северен тек 2“, рече тој.
Претходно во текот на денот, цената на гасот на индексот TTF се зголеми од 2.400 долари за кубен метар на 3.900 долари. Во исто време, цената за порамнување прред само три дена беше 2.170 долари.

14:03 Русија ги започна подготовките за исклучување од интернет
Во официјалната порака од рускиот министер за дигитален развој, која беше пресретната од западните разузнавачки служби, се наведува дека Русија ќе ја напушти глобалната интернет мрежа до 11 март, па сите сервери и домени мора да бидат префрлени на рускиот интранет.
Италијански „Кориере“ пишува дека Русија сака да се изолира од остатокот од светот и да се одвои од глобалниот интернет.
„Русија почна активни подготовки за отстранување од глобалниот интернет. До 11 март сите домени мора да бидат префрлени на домени .ru“, објави NextaTV.
13:51 Лавров ќе се сретне со својот украински колега Кулеба во Анталија
Русија денеска потврди дека нејзиниот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се сретне со својот украински колега Дмитриј Кулеба и со првиот човек на турскиот дипломат Мевлут Чавушоглу на дипломатскиот форум во Турција на крајот на неделата.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека договор за тристраната средба е постигнат за време на телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „на иницијатива на турскиот лидер”.
Претходно, турскиот МНР Мевлут Чавушоглу, објави дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и неговиот руски колега Сергеј Лавров се договориле да се сретнат за време на дипломатскиот форум во Анталија, Турција.
12.28ч. Русија го објави списокот на држави непријатели – на него се најде и Македонија
Руската влада го одобри списокот на странски земји и територии кои спроведуваат непријателски дејствија против Русија, според наредбата од кабинетот.
На списокот се наоѓаат Австралија, Велика Британија, земјите-членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Швајцарија и Јапонија.
Од државите од регионот се и Северна Макеоднија, Албанија и Црна Гора.

12.22ч. За Киев е неприфатлива руската опција за хуманитарни коридори
Опцијата за отворање на хуманитарни коридори, која претходно ја предложи Русија, е неприфатлива за украинската страна, изјави Ирина Верешчук, вицепремиер на Украина.
„Ова е неприфатлива опција за отворање хуманитарни коридори. Нашите луѓе нема да одат од Киев во Белорусија за подоцна да бидат пренесени во Руската Федерација“, изјави Верешчук пренесува РИА Новости.

11.45ч. Русите и Украинците за првпат пред Меѓународниот суд на правдата
Украина денеска ќе побара од највисокиот суд на Обединетите нации да донесе итна одлука со која се бара Русија да ја прекине својата инвазија, со образложение дека оправдувањето за нападот на Москва се заснова на погрешно толкување на законот за геноцид, пренесува Ројтерс
Иако судските одлуки се обврзувачки и генерално ги почитуваат земјите, тој нема директен начин да ги спроведе. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руската „специјална воена акција“ е потребна „за заштита на луѓето кои биле подложени на малтретирање и геноцид“ – односно оние чиј прв или единствен јазик е во источна Украина, пренесува „Гардијан“.
11.35ч. ВИДЕО | Зеленски им се закани на Русите: Само во гроб ќе може да се сокриете, никогаш нема да ви простиме
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во најновото видео-обраќање ги критикуваше западните земји што не одговорија доволно на најавите на руските напади и испрати порака и до самиот Владимир Путин.
„Нема да им простиме на уништените куќи. Нема да му простиме на проектилот што нашата воздушна одбрана го собори денеска над Окматид. И повеќе од 500 проектили што ја погодија нашата земја, нашиот народ, нашите деца“ изјави Зеленски.

10.56ч. Мистеријата за убиството на украинскиот преговарач продолжува, се јави и советникот на Зеленски
Се уште не е јасно како е убиен Денис Кирејев, член на украинската делегација во преговорите со Русија.

10.12ч. Украина: Рускиот предлог за евакуација е „неморален”
Украина денеска потврди дека преговара со Русија за воспоставување хуманитарни коридори, но властите наглчасуваат дека тие најверојатно нема да бидат воспоставени додека руските сили се обидуваат да напредуваат.
Киев, исто така, оценува дека предлогот на Русија за отворање хуманитарни коридори е „целосно неморален” бидејќи Москва предложи на граѓаните да им биде дозволено да се евакуираат од украински градови во Белорусија или Русија.

10:02 ЕУ проценува дека пет милиони лица ќе ја напуштат Украина доколку продолжат офанзивните активности
Околу пет милиони Украинци се очекува да ја напуштат земјата доколку продолжат офанзивните активности на руските воени сили во Украина, предупреди шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, притоа нагласувајќи ја потребата Европа да се подготви за тоа.
„Мора да се подготвиме да примиме околу пет милиони луѓе…Мора да ги мобилизираме сите ресурси на ЕУ за да им помогнеме на земјите што ќе прифатат бегалци. Ќе ни требаат повеќе училишта, повеќе прифатни центри, повеќе од се”, изјави тој.

09:54 Црвен крст: Рутата за евакуација од Мариупол е минирана
Доминик Стилхарт, директорот за операции на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), утрово гостуваше на Радио Би-Би-Си 4 каде говореше за актуелната бегалска криза и хуманитарниот коридор од Украина.
Запрашан што не е во ред со таканаречените хуманитарни коридори, тој рече дека тие со денови разговарале со двете страни, но остануваат проблемите со потврдување на деталите од каков било договор за прекин на огнот – да се дозволи цивилите да излезат од бомбардираните градови.
Стилхарт рече дека предизвикот е двете страни да постигнат договор кој е „конкретен, активен и прецизен“.
Тој додаде дека досега имало само начелни договори, кои веднаш се расипале бидејќи немале прецизност, во однос на рутите и кој може да ги користи.
Илустрирајќи ја својата поента, тој рече дека дел од персоналот на МКЦК се обидел да излезе од Мариупол по договорената рута во неделата, но набрзо сфатил дека „патот што им е посочен е всушност миниран“.
09:39 Пентагон: Истрелувањето руски ракети во Украина се забрзува
Пентагон соопшти дека Русија истрелала 600 ракети од почетокот на инвазијата врз Украина, што е значително зголемување, откако во петокот тој број изнесувал 500.
Висок официјален претставник на американската одбрана изјави дека Русија дислоцирала 95 отсто од своите сили кои биле однапред позиционирани за инвазијата во Украина. Тој додаде дека се направени само „ограничени промени на теренот” во изминатите 24 часа.
– Руските сили продолжуваат со напорите за унапредување и изолирање на Киев, Харков и Чернигов на север и на исток се соочуваат со силен украински отпор, истакна официјалниот претставник, додавајќи дека рускиот конвој северно од Киев и понатаму е во застој.
09:37 Ле Дриан: Украина ќе победи!
Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриан е со став дека поради дипломатската изолација на Русија и ефектот од меѓународните санкции, Украина ќе биде победник.
-Мислам дека Украина ќе победи…Преземавме значителни серии санкции, чии ефекти се тешки и според мене ќе бидат се потешки, што значи дека цената што треба да се плати за војната ќе стане неподнослива и во одреден момент, претседателот Путин ќе се соочи со изборот да има големи ефекти врз функционирањето на Русија или да ги отвори преговорите.

09:11 Некои од хуманитарните коридори од Украина водат само кон Русија и Белорусија
Русија соопшти дека ќе отвори нови хуманитарни коридори за да им овозможи на цивилите да се евакуираат.
Патеките за евакуација објавени од руската новинска агенција РИА Новости покажуваат дека цивилите ќе можат да заминат во Русија и Белорусија.
Коридорот од Киев ќе води до рускиот сојузник Белорусија, а цивилите од Харков ќе имаат само коридор што води кон Русија.
Коридорите од градовите Мариупол и Суми ќе водат и до други украински градови и до Русија, пренесува новинската агенција АФП.
Important detail – the routes go into either Belarus or Russia.
— James Waterhouse (@JamWaterhouse) March 7, 2022
08:16 Нова закана на Анонимуси: Хакерски напади врз руски телевизии
Хакерската група Анонимус тврди дека ги хакирале преносите на руската државна телевизија за да прикажат снимка од војната во Украина.
Во објава на Твитер, Анонимус соопштија дека хакирале канали меѓу кои Русија 24, Канал 1 и Москва 24, покрај руските стриминг сервиси Винк и Иви.
Во посебна објава, групата рече дека е вклучена „во најголемата операција на Анонимус некогаш видена“, додавајќи дека е загрижена што некои влади може да го сфатат тоа како закана и да спроведат операции со лажни знамиња за да ја дискредитираат.

07:58 Џонсон: Британија ќе донира уште 100 милиони долари помош за Украина
Велика Британија ќе и обезбеди на Украина дополнителни 100 милиони долари преку Светската банка за да помогне во ублажување на финансиските притисоци предизвикани од руската инвазија, соопшти вчера кабинетот на премиерот Борис Џонсон.
Британија бара централна улога во меѓународниот одговор на руската инвазија врз Украина преку обезбедување одбранбена воена помош, заговарајќи построги санкции против Кремљ и финансиска поддршка.
Сепак, Владата на Џонсон се соочи со критики дека нејзините санкции се премногу бавни и дека програмата за бегалци е недоволна.
Најновата финансиска помош, покрај веќе ветените 290,95 милиони долари, може да се искористи за плати на работниците од јавниот сектор во Украина или за финансирање на пензии и социјално осигурување, соопштија британските власти.
07:39 Блинкен: Членките на НАТО може да испратат борбени авиони во Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека земјите-членки на НАТО имаат „зелено светло” да испратат борбени авиони во Украина.
Во интервју за Си-Би-Ес Њуз, на прашањето дали Полска, како членка на Алијансата, може да испрати борбени авиони во Украина, тој рече дека Варшава има „зелено светло” за тоа.
„Всушност, разговараме со нашите полски пријатели за тоа како можеме да помогнеме ако одлучат да ги обезбедат тие авиони на Украина и како можеме да им помогнеме да ги заменат авионите што ги испратија во Украина”, рече Блинкен.

07:25 Прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори од големите украински градови
На барање на францускиот претседател Еманауел Макрон упатено до рускиот претседател Владимир Путин, руските оружени сили од 10 часот објавуваат прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори од Киев, Мариупол, Харков и Сума, соопшти Меѓуресорниот координативен штаб за хуманитарна реакција во Украина.
„Земајќи ја предвид катастрофалната хуманитарна ситуација и нејзиното нагло влошување во градовите Киев, Харков, Сума и Мариупол, како и на лична молба на претседателот на Франција, Емануел Макрон до претседателот на Русија, Владимир Путин, руските оружени сили од хумани причини објавуваат прекин на огнот на 7 март 2022 година од 10 часот, како и отворање хуманитарни коридори”.
07:06 Трета рунда преговори: Ќе се најде ли заеднички јазик меѓу Русија и Украина?
По една и пол недела војна, Украина и Русија се очекуваше да се сретнат на третата рунда преговори, за кои двете страни рекоа дека може да се одржат денеска. Локацијата и точното време на разговорите првично не беа соопштени.
Двете делегации последен пат се состанаа во регионот Брест во западна Белорусија на две рунди мировни преговори и се договорија да има хуманитарни коридори за градовите Мариупол и Волноваха за да се олесни евакуацијата на цивилите. Сепак, обидот за евакуација на Мариупол не успеа вчера, соопштија од Кремљ и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Русија и Украина ја разменија вината за непридржување кон договорениот прекин на огнот.

07:01 Украинците заробени во Мариупол додека битките на улиците продолжуваат
Околу 200.000 луѓе останаа заробени во опколениот град Мариупол, откако борбите ги прекинаа напорите за евакуација во текот на викендот, без знаци дека огромните меѓународни санкции ја одвраќаат Москва од нејзината инвазија на Украина, пишува Ројтерс.
Цените на нафтата се искачија на највисоките нивоа од 2008 година во азиската трговија, откако администрацијата на Бајден рече дека истражува забрана за увоз на руска нафта. Русија обезбедува 7% од светската понуда.
Јапонија, која ја брои Русија како нејзин петти најголем снабдувач на сурова нафта, исто така разговара со Соединетите Држави и европските земји за евентуална забрана за увоз на руска нафта, објави во понеделникот јапонски Кјодо Њуз.
Руската инвазија беше осудена ширум светот, принуди повеќе од 1,5 милиони Украинци да избегаат во странство и предизвика опсежни санкции предводени од Западот, чија цел е да ја „осакатат руската економија“.
06:43 Украинските сили тврдат дека ја вратиле контролата врз градот Чухуив
Украинските одбранбени претставници тврдат дека нивните сили повторно го зазеле источниот град Чухуив.
Украинскиот Генералштаб соопшти дека силите на Киев го зазеле градот од руските трупи и им нанеле големи загуби на силите на Москва за време на битката.
Украинските власти, исто така, тврдат дека двајца високи руски команданти биле убиени за време на битката за градот, кој може да се пофали со население од околу 31.000 луѓе, пишува Би-Би-Си.
06:38 САД му обезбедија безбедна телефонска линија на Зеленски со Бајден
Американските разузнавачки тимови наводно работат на прекинување на руските дигитални напади и комуникации, пишува Њујорк Тајмс.
Според Њујорк Тајмс, персоналот на американската сајбер команда со седиште во САД и Германија обезбедува разузнавачки информации од сателитски снимки и електронски пресретнувања на украинската војска во рок од „еден или два часа“ од собирањето.
Соединетите држави, исто така, му дадоа на украинскиот претседател Зеленски шифрирана комуникациска опрема, што му овозможува да го повика Бајден на безбедна линија, пишува Тајмс. Во саботата, Зеленски имаше 35-минутен телефонски разговор со Бајден.

06:33 ВИДЕО: Експлозии во украинскиот град Миколајив
Утрово Би-Би-Си објави нови извештаи за обновено руско гранатирање во јужниот пристанишен град Миколајив.
Градските власти допрва треба да ги коментираат извештаите, но локалниот медиум „Њуз-Н“ соопшти дека гранатирањето започнало околу 05:00 часот по локално време.
А видеото објавено од новинарот на Њујорк Тајмс, Мајкл Швирц, кое можете да го погледнете подолу, се чини дека покажува дека ноќното небо се осветлува со експлозии.
Russian forces appear to have launched a heavy artillery barrage against Mykolaiv, a day after Ukrainian troops pushed them from the city and recaptured the airport. From my vantage, I could see flashes from the attack lighting up the night sky along a large swath of the city. pic.twitter.com/cm4E0cNtN3
— Michael Schwirtz (@mschwirtz) March 7, 2022