Далновод енергетика енергетска политика струја
Струја / Фото: МИА

Во завршна фаза проширувањето на 400 киловолтниот далновод помеѓу Албанија и Македонија

Еден од најважните енергетски проекти во Западен Балкан, проширувањето на 400 киловолтниот далновод помеѓу Албанија и Македонија, е во завршна фаза, објавија албанските медиуми.

Проектот е имплементиран со поддршка на Европската Унија и германската влада, преку Германската банка за развој (KfW).

Овој значаен зафат е во вкупна вредност од 67,5 милиони евра, од кои 50 милиони евра се финансирање во форма на заем од KfW во име на германската влада; 17,5 милиони евра се неповратен грант од Европската Унија преку WBIF (Инвестициски фонд за Западен Балкан).

Проширувањето на 400 киловолтниот далновод вклучува изградба на два сегмента од далноводот Елбасан-Фиер и Елбасан- граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница кај Струга, со вкупна должина од 130 километри, изградба на новата 400/220 киловолтна трафостаница „Елбасан 3“, како и рехабилитација на постојната во Фиер.

-Клучните придобивки за регионот вклучуваат зголемена прекугранична енергетска безбедност, развој на модерна инфраструктура за чиста енергија, поддршка за економски развој и создавање работни места и подобрена регионална координација во случаи на енергетски кризи, оценуваат од Министерството за енергетика.

Додаваат дека оваа инфраструктура значително ќе го зајакне капацитетот за пренос на електрична енергија и ќе создаде клучна точка за поврзување со енергетскиот систем на Македонија, воспоставувајќи силна основа за регионалниот пазар на електрична енергија во Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот