Фото: архива на СП

Во Тетово не се одбележува формирањето на КПМ поради состојбата со коронавирусот

Општинската организација на Сојузот на борци на Македонија -Тетово до јавноста испрати соопштение за потсетување на значајниот датум – 19 март 1943 година, кога во градот, во куќата на семејството Јовановци е формирана Комунистичката партија на Македонија и избран нејзиниот Централен комитет.

Од таму информираат дека поради новонастанатата состојба датумот не се одбележува во Музејот на тетовскиот крај, односно во Спомен-куќата на Јовановци во населбата Два бреста.

-На оваа прва седница на 19 март 1943 година донесени се повеќе значајни одлуки за понатамошниот тек на Народноослободителната и антифашистичка војна. Се формираат пет обласни комитети во петте оперативни зони, формирање на поголеми воено-оперативни единици (баталјони и бригади), да се зголеми политичката активност, да се формира штаб на Првата оперативна зона и друго. Централниот комитет го сочинувале Лазар Колишевски – секретар, Мара Нацева- организационен секретар, Кузман Јосифовски – Питу – член, Цветко Узуновски – Абас- член и Бане Андреев – Ронката – член, соопштуваат од Сојузот на борци.

Вообичаено датумот се одбележуваше со положување цвеќе и пригодна културно-уметничка програма

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот