Фото архива на СП

Во Тексас почина второто дете заразено со сипаници

Уште едно дете болно од сипаници почина во американската сојузна држава Тексас, соопшти Министерството за здравство на САД. Министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор денеска планира да присуствува на погребот на детето, изјави портпаролот на министерството за NBC.

Две деца и еден возрасен кои починале од сипаници во Ново Мексико се првите пријавени смртни случаи поврзани со оваа болест во САД по една деценија, објави Фокс њуз. Само во Тексас, 481 случај на сипаници се потврдени од јануари, вклучително и 56 лица кои се хоспитализирани, според Министерството за здравство. Околу едно од 20 деца со сипаници развива пневмонија, што е најчеста причина за смрт од сипаници кај малите деца.

Епидемијата на сипаници започна во Тексас кон крајот на јануари, но оттогаш се прошири во неколку други држави.

Во САД од почетокот на оваа година пријавени се 628 случаи на мали сипаници во најмалку 21 држава и главниот град Вашингтон, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот