
Во светот 74 милиони луѓе се посебно загрозени од коронавирусот, причината е страшна
Околу 87 милиони луѓе во регионот немаат чиста вода во своите домови, па одат на извори со што дополнително се изложуваат на зараза, нагласува ESCWA.
Околу 74 милиони луѓе во арапскиот свет се изложени на коронавирусот зошто немаат пристап до чиста вода и сапун, предупредија денеска Обединетите нации.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Иако во целиот свет е утврдено дека миењето раце е најдобра превенција од заразата со ковид-19, тоа е тешко се спроведува во регион каде 74 милиони лица немаат пристап до вода“, соопшти Економско – социјалниот комитет за Западна Азија при Обединетите Нации (ESCWA).
Околу 31 милион граѓани во Судан немаат умивалници и сапун, 14,3 милиони во Јемен и 9,9 милиони во Египет, според извештајот на оваа Агенција на ОН со седиште во Бејрут.
ESCWA очекува зголемување на потрошувачката на вода од 4 до 5 милиони кубни метри деневно, додека снабдувањето со вода е недостапно во 10 од 22 арапски земји.
Околу 87 милиони луѓе во регионот немаат чиста вода во своите домови, па одат на извори со што дополнително се изложуваат на зараза, нагласува ESCWA.
Извршниот секретар на оваа организација Рола Дашти истакна дека треба „итно на сите и секаде да им се осигури пристап до чиста вода за пиење како и за хигиена, без трошоци за оние кои не се во состојба да ја платат, за да се избегне ширењето на новиот коронавирус“.
Таа исто така предупреди да не се користи водата како воено оружје во земјите во судир, каде невладините организации стравуваат од катастрофа, посебно во преполните бегалски кампови.
ESCWA има податоци за 26 милиони бегалци и раселени лица во тој регион кој се најизложени на новиот коронавирус поради недостигот на вода.