Избирачки списоци / Фото: МИА

Во Струга 158 болни и изнемоштени лица се пријавиле за гласање, во Дебар и Центар Жупа 38 лица

Вкупно 158 болни и изнемоштени лица се пријавиле да гласаат во домашни услови во Струга и струшко за претстојните претседателски избори закажани за 24 април.

На територијата на општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 60 778 гласачи, кои ќе гласаат на 101 избирачко место.

Во општините Дебар и Центар Жупа утре во домашни услови правото на глас треба да го остварат 37 изнемоштени и болни лица, колку што и се пријавиле.

Гледано одделно 32 лица се од општина Дебар, додека останатите пет во соседната општина Центар Жупа, кои според претседателите на општинските изборни комисии, ќе бидат посетени веднаш откако ќе биде распределен избирачкиот материјал.

Споредено со последниот изборен циклус, локалните избори, бројот на овие лица е помал. Така, во Дебар на изборите во октомври 2021 година гласаа 37 болни и изнемоштени лица, додека во април 2022 на повторените избори за градоначалник, поради необезбеден цензус, во општина Центар Жупа правото на глас го остварија 52 лица.

Во единствениот избирачки список во општина Дебар запишани се 19.334 гласачи, што е за 123 гласачи повеќе споредено со последните локални избори, а ќе се гласа на 27 избирачки места.

Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа запишани се 7.383 со право на глас или 306 повеќе, во однос на повторените избори за градоначалник, а ќе се гласа на 16 избирачки места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!