Топло време - 26,06,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Топло време - 26,06,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Во среда ќе освежи – доаѓаат и дождови, прогнозираат синоптичарите

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето, прогнозираат метеоролозите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот