
Во срцето на Европа се наоѓа најчудната „земја“: Нејзиниот пасош го поседуваат само три лица во светот
Во средината на Европа, постои ентитет што звучи како нешто од роман – земја без територија, со свој пасош, валута, па дури и поштенски марки, но има само три граѓани во светот. Добредојдовте во светот на Малтешкиот ред.
Препорачано
Малтешкиот ред, познат и како Суверен воен болничарски ред на Свети Јован Ерусалимски од Родос и Малта, е основан во 1099 година во Ерусалим како болница за сиромашни аџии. Уште во 1113 година, Папата официјално го признал неговиот статус како витешки и религиозен ред. Низ вековите, редот го менувал своето седиште – од Родос во Малта – но го задржал својот суверенитет, иако денес нема територија.
Денес, овој ред функционира од два имоти во Рим, од каде што издава свои пасоши, печати валута и поштенски марки, па дури и има регистарски таблички. Сепак, само три лица во светот поседуваат пасош на Малтешкиот ред: Големиот мајстор, неговиот заменик и канцеларот. Сите други членови ги користат пасошите на своите матични земји.

Меѓу оние кои поседуваат дипломатски пасош на Малтешкиот ред се:
- Голем мајстор (од 3 мај 2023 година) Џон Т. Данлап
- Голем командант (од септември 2022 година) Емануел Русо
- Голем канцелар (од септември 2022 година) Рикардо Патерно ди Монтекупо
Малтешкиот ред денес има околу 13.500 членови – витези, дами и свештеници – и повеќе од 100.000 волонтери низ целиот свет. Иако нема територија, МВР е суверен субјект на меѓународното право, признаен од 112 држави и одржува дипломатски односи со 104 земји, вклучувајќи ги Шпанија, Русија и Америка. Интересно е што Обединетото Кралство, САД и Нов Зеланд не ги признаваат пасошите на Редот.
Редот е првенствено хуманитарна организација. Неговите членови обезбедуваат медицинска помош, помош при катастрофи и работат на зачувување на христијанските вредности. Финансирањето доаѓа од донации, подароци и партнерства, пишува „РТЦГ“.