Фото Архива на СП

Во Србија се регистрирани 16 пациенти со западнонилска треска

Во Србија оваа година се регистрирани 16 случаи на западнонилска треска, објавија денеска  здравствените власти.

Како што пренесува Н1, меѓу заболените има осум мажи и осум жени, а просечната возраст на пациентите е 64 години, покажаа најновите податоци од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Западнонилската треска е сезонска болест која се пренесува со каснување од заразен комарец, а главен вектор на вирусот е видот комарец „Culex pipiens“.

Сезоната на преносување на западнонилскиот вирус во Србија обично трае од јуни до ноември, посочуваат од институтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот