Фото Архива на СП

Во Србија 57 луѓе се заразени со западнонилска треска

Вкупно 57 случаи на западнонилска треска се регистрирани во Србија оваа година, објави денес Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, пренесува Данас.

Меѓу нив доминираат мажите (65 отсто), а просечната возраст на заболените е 68 години.

Меѓу пријавените случаи до 21 септември, најмногу има во областа на Белград (23).

Сезоната на пренос на западнонилскиот вирус во Србија обично трае од јуни до ноември.

Западнонилската треска е сезонска болест која се пренесува преку каснување од заразен комарец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот