Анкетна комисија за сучувањата во Онкологија / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Во Собранието седници ќе одржат три комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Законодавно-правната комисија и Комисијата за европски прашања.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, во второ читање и Предлог на законот за изменување на Законот за приватните агенции за вработување, во второ читање.

На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, во второ читање, Предлог на законот за изменување на Законот за приватните агенции за вработување во второ читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа во прво читање, Предлог на законот за електронските комуникации во прво читање, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи во прво читање, Предлог на законот за архивски материјал и архивска дејност – во прво читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, во прво читање.

На Комисијата за европски прашања се Предлог на законот за електронските комуникации, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Предлог на законот за архивски материјал и архивска дејност и Предлог на законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт, сите во прво читање со европско знаменце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот