
Во Словенија процедурите за ангажирање странци се предолги
Иако Словенија има склучено посебни договори со Србија и Босна и Херцеговина за полесно вработување на работниците, во пракса тоа не е баш така. Во Блед, една од водечките туристички дестинации во Словенија, сакаат да вработуваат српски келнери бидејќи, како што велат, српскиот келнер знае како да се справи со туристите, знае да им го направи пријатен престојот во ресторан, да ги насмее, да се создаде добра атмосфера…
Препорачано
Сепак, процедурите за вработување се уште се предолги. Уште полошо е кога станува збор за други странски државјани надвор од Европската унија, Европската економска област и Швајцарија.
Пред летната сезона тоа најмногу ги погодува хотелиерите кои неколку месеци чекаат хартии за да ангажираат работник од странство. Бидејќи дозволата за странски работник се добива многу побрзо во соседна Хрватска, се случува странскиот работник да се откаже од обидот да се вработи во Словенија.
Странците во Словенија можат да чекаат до шест месеци или уште повеќе за работна дозвола. Туристичките компании неуспешно се залагаат за предлог за воведување сезонски визи, како на пример во земјоделството, наместо годишни визи.
Проблемот е што нема персонал, ниту во Словенија, ниту во регионот. Затоа словенечките хотелиери ќе мора да бараат работна сила во далечните земји. Но, таму, меѓу другото, се јавува и проблемот со јазикот и комуникацијата, пишува Политика рс.