Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Во Швајцарија, правото на готовина е загарантирано со устав
Сенатот на Федералното собрание на Швајцарија едногласно одлучи да вклучи во уставот на таа земја, гаранција за снабдувањето со готовина и употребата на франкот како национална валута. Со овој исход од гласањето, Сенатот ја потврди претходната одлука на Претставничкиот дом со која го одобри предлогот на владата, кој е спротивен на народната иницијатива на Швајцарското движење за слобода, објави Свисинфо.
Препорачано
Целта на иницијативата, наречена „За слободна и независна швајцарска валута во форма на монети и банкноти“, беше да се обезбеди дека готовината ќе остане во Швајцарија, како и да се стави на гласање на народот и кантоните секој план за замена на швајцарскиот франк со друга валута. Според МЛС, ова треба да обезбеди готовината да остане во Швајцарија, која во спротивно би била во опасност.
Швајцарската влада официјално ја отфрли таа иницијатива, но се одлучи за контрапредлог, според кој планира да вклучи во уставот гаранција за понудата на готовина и употреба на франкот како национална валута. Овие принципи се веќе загарантирани во законодавството, но со нивното вградување во уставот, Владата одговори на иницијативата на МЛС, пренесува Каматица.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
16мин
-
25мин
-
49мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5