Шпанија штрајк/ Фото: Alejandro Martínez Vélez / ContactoPhoto / Profimedia

Во Шпанија започна штрајкот на камионџиите, суспендиран е превозот на стоки

Во Шпанија започна штрајкот на транспортните компании, а поради сличен протест на камионџиите+ во март, многу продавници останаа без прехранбени производи.

Станува збор за генерален штрајк во земјава, кој почна на полноќ од недела кон понеделник, а здружението на транспортни превозници најави дека ќе го прекине превозот на стока до понатамошно известување.

Националната платформа за одбрана на транспортниот сектор соопшти дека штрајкот ќе продолжи се додека Министерството за транспорт не го исполни ветувањето од договорот постигнат по март, кога камионите не сообраќаа 20 дена. Транспортерите се жалат дека поради поскапувањето на горивата и другите давачки, нивниот бизнис е нерентабилен.

Штрајкот започна девет дена пред „црниот петок“, ден кога трговците привлекуваат клиенти со попусти и кога побарувачката за превоз дополнително се зголемува.

Во Мадрид во текот на денот беше најавен голем протест на превозниците, па властите во Мадрид ги повикаа жителите да избегнуваат возење низ центарот на главниот град во периодот од 10 до 15 часот и да користат јавен превоз.

Демонстрантите најавија голем протест во центарот на градот на кој треба да учествуваат и земјоделци и сточари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот