Фото: Архива/Слободен печат

Во полскиот град Краков се појавија серија плакати во кои се повикува на придружување кон групата „Вагнер“

Серија плакати со логото на руската приватна платеничка група „Вагнер“ се појавија на улиците на Краков, објавија полските медиуми.

Членот на градскиот совет на Краков, Лукаш Вантух, за ова проговори неделава на Фејсбук.

„Во Краков се појавија плакати со повик за приклучување кон групата „Вагнер“. Тоа е начин на провокација, а тоа не се случи само во Краков“, напиша тој.

Плакатите се со натпис „Ние сме тука. Придружете ни се“ и на  англиски јазик ги повикуваат жителите да им се придружат на „Вагнер“, а QR-кодот што ја придружува поканата води до страница на руски јазик.

Полскиот весник „Газета Краковска“ објави дека Бартломиј Издебски, полицаец во Краков, рекол дека полицијата добила дојава за два такви плакати.

-Собираме изјави, фотографии и ќе истражиме, изјави полицаецот.

Полицијата излезе со посебно соопштение во кое се вели дека такви повици полицајци нашле на повеќе локации низ градот, откако добиле дојава за првиот плакат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!