Во Полска уапсен украински државјанин осомничен за експлозиите на Северниот тек

Украинскиот државјанин Володимир З., за кого Германија издаде потерница за наводна вмешаност во експлозиите на Северниот тек, е приведен во Полска, објави денес радиото RMF FM.

Според извештаите, осомничениот бил на списокот на барани лица по европска потерница издадена од германски суд.

Во август, германските власти издадоа потерници за пет украински државјани осомничени за вмешаност во инцидентот.

Експлозиите на Северниот тек, кои се случија во 2022 година, северно од Балтичкото Море, кои Москва и Западот ги опишаа како чин на саботажа, предизвикаа големи проблеми во снабдувањето со руски гас за Европа, дополнително ескалирајќи ја војната во Украина и зголемувајќи го енергетскиот притисок на континентот.

До денес, никој не ја презеде одговорноста за експлозиите, а Украина негираше каква било вмешаност.

Исто така, во август, италијанската полиција уапси Украинец под сомнение за координирање на нападите врз гасоводот.

Нема официјален коментар од полските или германските обвинители во врска со апсењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот