фото: ЕПА/ЕФЕ

Во Осиек, за две години имало 39 несреќи со електрични тротинети

Електричните тротинети станаа секојдневна тема меѓу жителите на Осиек, а извештаите од полицијата јасно покажуваат дека ситуацијата е надвор од контрола. Од 2023 година до денес, според податоците од сообраќајната полиција на Осиек, регистрирани се 39 сообраќајни несреќи во кои учествувале возачи на електрични тротинети, пишува „Индекс“.

Повеќето од овие несреќи, односно 31 случај, резултирале со повреди. Три лица се здобиле со тешки повреди, додека 28 лица се извлекле со полесни повреди. Во преостанатите осум несреќи е предизвикана само материјална штета. Полицијата истакнува дека вистинскиот број на несреќи е веројатно поголем, бидејќи некои од нив остануваат непријавени.

И покрај бројните превентивни и репресивни мерки што ги спроведува полицијата, возачите на автомобили сè уште покажуваат висок степен на неодговорност и кршење на сообраќајните правила. За да се запре негативниот тренд и да се зголеми безбедноста на патиштата, полицијата планира да спроведе акции во соработка со вработените во Хрватскиот центар за социјална работа. Овие акции ќе бидат насочени конкретно кон корисниците на личен превоз, меѓу кои има голем број малолетници.

Законот во Хрватска пропишува дека електричните тротинери и велосипедите, можат да ги управуваат лица кои имаат најмалку 14 години. Доколку малолетник ја прекрши оваа одредба, одговорноста е на неговите родители или други лица кои треба да го надгледуваат неговото однесување.

Покрај старосната граница, полицијата предупредува и на други прекршоци: многу често, тротинетите се возат без заштитна кацига, без рефлектирачка облека или ознаки, не само ноќе, туку и преку ден кога видливоста е послаба. Забележано е и возење под дејство на алкохол.

Воочена е пракса и на две лица да се возат на тротинер истовремено, што не е дозволено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот