Слободан Милидраг - Инграм

Во Охрид се сретнаа најголемите ИТ експерти од регионот

Втората годишна конференција „Вмрежување на Инграм и Вендорите#2“ („Ingram & Vendors Networking #2“) што се одржа во Охрид, постигна огромен успех, собирајќи над 100 експерти од ИТ-секторот од Македонија, Албанија и Косово. Во текот на дводневната конференција, експертите говореа за идниот развој на технологиите, во насока на сајбер безбедност, уценувачки софтвер, виртуелизација кои ја поместуваат ИТ-индустријата кон посигурна и безбедна средина за управување со податоци, соопштија организаторите.

„Нашата мисија е да создадеме платформа каде што ИТ вендорите ќе можат да го споделат своето знаење и најновите решенија со клиентите, како и со нашите партнерите во МАК регионот. Светот на технологијата е динамичен и како таков бара постојан проток и размена на информации за да случи промена кај сите“, вели Соња Николовска Евтимовска од тимот „Инграм микро“.

Според нејзината колешка Ивана Србиновска целта на конференцијата е е да се обезбеди богат терен за учење, фокусирајќи се на иновации и вештини.

„Затоа, нашиот Тренинг центар, предводен од експерти од областа, служи како светилник на образовна исклучителност којашто ги подготвува поединците за идните предизвици – вели Србиновска.

За сајбер безбедноста зборуваше Слободан Милидраг кој ја истакна суштината на јакнење на дигиталните средства против сајбернапади.

„Како архитекти на дигитална одбрана, нашата потрага е ранливоста да ја трансформираме во сила, обезбедувајќи бастион на безбедност во дигиталното царство“, објасни Милидраг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот