Дубаи / Фото: Pexels / Timo Volz

Во Обединетите Арапски Емирати измерени 52 степени

Обединетите Арапски Емирати се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, по најжешката пролет досега, при што температурите достигнаа речиси рекордни максимуми на почетокот на август, според податоците од Националниот метеоролошки центар (NCM).

Температурата во пустинскиот град Свејхан достигна 51,8 степени на 1 август, што е само малку пониско од највисоката температура на сите времиња во ОАЕ од 52,1 степени , која беше измерена во јули 2002 година, исто така во Свејхан, пренесува Ројтерс.

Иако NCM ги предупреди жителите да го ограничат изложувањето на сонце и да избегнуваат престој на отворено во најжешкиот дел од денот, ваквите мерки на претпазливост не се секогаш изводливи за оние кои работат на отворено, како што се градежните работници и земјоделците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот