Фото: UEFA

Во новата сезона од Лигата на шампионите се воведува и ново правило

По воведувањето на новиот формат со 36 екипи, кој стартуваше минатата сезона, Лигата на шампионите ќе претрпи уште една измена, на иницијатива на неколку големи европски клубови. Од оваа сезона, реваншите во нокаут фазата ќе се играат на домашен терен кај екипите што ќе завршат подобро пласирани во лигашкиот дел од натпреварувањето.

Најголема улога во оваа промена одиграа Барселона и Арсенал, кои јавно го кренаа гласот против, како што рекоа, неправедниот систем.

Барселона минатата сезона ја заврши лигашката фаза на второто место, но сепак мораше да ги игра реваншите на гости, прво против Борусија Дортмунд, а потоа и против Интер, од кого беше елиминирана. Слична беше ситуацијата и со Арсенал, кој заврши трет, но играше реванш на гостински терен против Реал Мадрид, иако го доби натпреварот.

Со новото правило, позиционирањето во групната фаза добива дополнителна тежина, бидејќи покрај тоа што топ-8 пласманот обезбедува директен пласман во осминафинале, сега носи и предност на домашен терен во реваншот, што може да одигра важна улога во елиминационата фаза.

Ждрепка за Лигата на шампионите: За првпат една земја ќе има шест учесници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот