Вакцини против Ковид-19 / Фото: EPA

Во Њујорк задолжителна вакцинација за да се оди во ресторан, на вежбање или претстава

Без сертификат за вакцинација во Њујорк, нема да може да се влезе во ресторан, теретана и на настани, тоа го изјави демократскиот градоначалник Бил де Блазио, со што градот стана првиот во САД што воведе ковид-пасоши.

Мерката, наречена Key to NYC Pass „ќе бара вакцинација за вработените и гостите на рестораните во затворени простории, корисниците на сали и посетителите во затворени простории”, рече градоначалникот на прес-конференција, додавајќи дека „барем една доза” од вакцината ќе биде потребно за слободен влез.

„Ако сте вакцинирани го имате клучот, можете да ја отворите вратата. Ако не сте, за жал нема да можете да учествувате во многу активности”, рече Де Блазио.

Тој рече дека мерката ќе биде воведена на 16 август, а нејзината имплементација ќе следи од 13 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!