Чешки хеликоптер „Блек хок“ ќе помага во гаснењето на пожарот во Беровско / Фото: ДЗС

Во Македонија беснеат четири пожари – најкритично во Прилеп, Крушево и во Малешевијата

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 13 часот регистрирани се 13 пожари на отворено од кои четири се активни пожари. Најкритично е во Прилеп, Крушево и во Малешевијата каде од денеска на македонските пожарникари им се приклучија и тимови од Чешка и Словенија.

Директорот на Диркецијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов изјави дека едниот крак на пожарот кај планината Готен го гасат локалните пожарникари со поддршка од тимови на ЈП Национални шуми, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) како и локалното население.

Најкритично е кај селото Нивичино, кое се протега низ општините Василево, Радовиш и Берово. Пожарот таму зафатил делови од планините Голем Готен и Малешевските планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и сува вегетација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот