Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Во мај се издадени 469 одобренија за градење, 80,4 отсто повеќе во однос на лани
Во мај годинава се издадени 469 одобренија за градење, што е за 80.4 проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика.
Препорачано
Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146, по што следуваат Скопскиот, 86, Вардарскиот, 84, Југоисточниот, 67, Југозападниот, 32, Пелагонискиот, 26, Источниот регион, 22. Во Североисточниот регион има најмалку одобренија, шест.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 868 401 000 денари, што е за 34,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Најголем број од издадените одобренија, 255 (54,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 110 (23,5 проценти) се за реконструкција, а 104 (22,2 проценти) за нискоградба. На 232 (49,5 проценти) инвеститори се физички лица, а на 237 (50,5 проценти) деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 037 станови со вкупна корисна површина од 90 813 метри квадратни. Од вкупниот број станови, во Скопскиот регион се 441, во Полошкиот 295, во Југоисточниот и во Вардарскиот по 120, во Југозападниот 39.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
11мин
-
15мин
-
17мин
-
30мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5