
Во Лерин без сериозни штети по силниот земјотрес
Синоќешниот силен земјотрес што го погоди Лерин не предизвика посериозни штети во градот, освен помали оштетувања на згради и куќи.
Препорачано
Во официјалното соопштение од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, се наведува дека земјотресот бил со епицентар на 3 километри западно од Лерин и 135 километри западно од Солун.
Длабочината на земјотресот е измерена на 14,3 километри. На истото подрачје следеле и неколку земјотреси со помала јачина.
Засега нема информации за повредени луѓе или сериозни материјални штети, освен одредени штети на домови каде што паднале предмети поради земјотресот.
Земјотресот бил почувствуван во периферните области на Лерин, како што се Кожани, Птолемаида, Касторија, Пела, дури и во Солун, Катерини, Верија, Џаница, но и во Трикала, Лариса и Крф, јави грчки Козан.
Сеизмологот Герасимос Пападопулос во изјава за грчките медиуми вели дека во 1911 година, западно од епицентарот на вчерашниот земјотрес, бил регистриран земјотрес од 6,7 степени според Рихтер.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5