Фото: Flickr / picturexv

Во кривогаштанско село фатен бегалец од затворот Струмица, бил баран со потерница

Триесет и едногодишен штипјанец е приведен по меѓународна потерница откако избегал од затворот Струмица.

Според информациите од МВР, бегалецот бил фатен вчера во село во Кривогаштани.

„На 29.09.2025 во 20:55 часот во с. Бела Црква, општина Кривогаштани, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потрага и ПО Кривогаштани го лишија од слобода С.М. (31) од Штип, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица.

С.М. е осуден на казна затвор во времетраење од пет години по чл.418 ст.2 од КЗ. Тој е предаден на Затвор Струмица“ соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот