
Во Косово уапсен Жан Железарски, осуден за случајот „Детонатор“
Еден од осудените за случајот „Детонатор“, Жан Железарски, е уапсен во Косово откао две години се криеше од правдата, објави Фокус. Информацијата е потврдена во македонското Министерство за внатрешни работи, откаде очекуваат Железарски да биде екстрадиран во земјава.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
МВР во 2019 распиша меѓународна потерница по Железарски, откако тој не се врати во затвор по добиено отсуство.
Железарски се бараше со наредба ПК бр.2/18 издадена од Основен суд Кочани за сторени кривични дела по чл.394 ,чл.386 и чл.123 вв со чл.19 од КЗ на РСМ за издржување на казна затвор од 14 години.
За случајот „Детонарот“ од 2013 година, во кој 15-мина беа обвинети злосторничко здружување, обид за убиство, измама, лихварство и недозволено држење на оружје, беа изречени казни од една година и три месеци, до доживотен затвор. Членовите на злосторничката група беа осудени за криминал во источна Македонија, од Кочани до Виница.
Полициска акција „Детонатор“ во неколку градови во источниот дел од земјата, резултираше со 13-мина разрешени полициски началници и командири, а меѓу другото беа запленети 1.000 покер апарати.