
Во која држава луѓето им плаќаат на компаниите да глумат дека работат?
Како што кинеската економија забавува, а стапката на невработеност кај младите надминува 14%, се појави необичен тренд, сè повеќе луѓе им плаќаат на компаниите за да можат да седат во канцеларија и да „се преправаат дека работат“.
За некои, тоа е начин да се одржи дисциплината, да се воспостават нови контакти или едноставно да се избега од чувството на безделничење.
Препорачано
Шуи Џоу (30) од Донггуан го затворилоа својот мал угостителски бизнис минатата година. Во април, таа почна да донира 30 јуани (околу 3,60 евра) секој ден на компанија која нуди целосно опремени канцеларии, интернет, сала за состаноци, па дури и кујна и во која луѓето можат да се преправаат дека работат – пишува Бизпортал.рс.
„Се чувствувам мотивирана кога сум опкружена со луѓе, дури и ако секој си го прави своето. Полесно е отколку да седам дома и да ја губам волјата“, вели Џоу, која се дружи со пет „колеги“ и понекогаш останува доцна навечер.
Ваквите „компании за глума“ се шират низ поголемите градови – од Шангај до Шенжен. Цената варира помеѓу 30 и 50 јуани дневно, а понекогаш се вклучени ручек или ужини.
Некои корисници всушност бараат работа или започнуваат проекти, додека други го поминуваат времето разговарајќи, играјќи игри или излегувајќи заедно.
Во Шангај, 23-годишната Шаовен Танг ангажирала работно место за еден месец за да испрати „доказ“ до универзитетот дека работи на пракса. Всушност, таа таму пишувала онлајн романи.
„Ако глумиш, глуми до крај“, се пошегува Танг.
Основачот на компанијата од Донггуан, позната како Феиџу, вели дека 40% од корисниците се дипломирани студенти на кои им е потребен доказ за пракса, додека останатите се фриленсери и дигитални номади.
„Не продавам работа, продавам чувство дека не си бескорисен“, објаснува тој.