Претседателски избори 2024 Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во Кавадарци пријавени за гласање 167, во Росоман 69 немоќни лица

Во Кавадарци се пријавени за денешното гласање 167, а во Росоман 69 немоќни лица, информираа претседателите на општинските изборни комисии, Емилија Петровска и Зоран Костов.

– Всушност, согласно на законот, денеска, ден пред претседателските и парламентарните избори, за гласање се пријавени вкупно 155 лица во домашни услови, болни и немоќни, како и дванаесетмина од дом за стари лица, појасни Петровска.

Запишани се вкупно 31.982 избирачи за парламентарните избори, 31.926 за претседателските, со право на глас во Кавадарци.

Во Росоман, како што соопшти Костов, 3.300 избирачи се евидентирани во списокот за гласање на утрешните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот