Кафеава мечка во Јапонија / Фото EPA/KIMIMASA MAYAMA

Во Јапонија масовно умираат кафеави мечиња поради недостиг на лосос

Осум од десет мали кафеави мечиња родени оваа година во оддалечен дел на северна Јапонија умреле поради недостиг од лосос, а научниците го обвинуваат зголемувањето на температурата на морето предизвикано од климатската криза. Заедно со желадите, розовиот лосос е важен извор на храна за приближно 500 кафени мечки кои живеат долж полуостровот Ширетоко во Хокаидо.

Локалните власти реагираа со тревога откако еден туристички брод забележал прегладнето кафеаво мече како очајно барало храна на источниот брег на полуостровот. Мечката, наводно, превртувала камења и претурала низ купишта натрупани алги во потрага по храна.

Розевиот лосос што излегува во реките на Хокаидо ја поминува зимата во морето, пред да се врати во потоците во Ширетоку помеѓу август и октомври за да ги снесат своите јајца. Кафеавите мечки обично ги демнееле рибите додека се движеле покрај водите, но биле принудени да пливаат поради недостаток на лосос, пишува Гардијан.

„Некои мечки навистина ослабеа. Тешко им е, бидејќи во реките нема риба, исто како и минатата година“, вели Кацуја Нода, оператор со туристички бродови.

Истражувачите од Универзитетот Хокаидо предупредија дека ако глобалното затоплување продолжи со сегашното темпо, температурата на морската вода околу островите ќе се зголеми за 10 степени до 2090-тите, во споредба со нивото од 1980-тите.

Кафеави мечки во Јапонија / Фото EPA/KIMIMASA MAYAMA

Масами Јаманака, истражувач во природата на Фондацијата Ширетоко, рече дека недостатокот на лосос, во комбинација со лошата жетва на желади, има разурнувачки ефект врз младенчињата на кафеавата мечка. „Се проценува дека 70% до 80% од младенчињата родени оваа година се мртви. Тоа е навистина сериозна ситуација“, рече тој.

Рибарите уловиле 482.775 розови лососи во реките на Хокаидо, најсеверниот главен остров во Јапонија, помеѓу 25 јули и 5 септември 2020 година, но само 23.298 минатата година, според Здружението за одгледување лосос. Со оглед на статистиките кои покажуваат дека се случуваат добри улов секоја втора година, уловот во 2022 година бил изненадувачки лош.

Недостигот на желади е причина за зголемување на нападите на мечки врз луѓето во Хокаидо и другите делови на северна Јапонија, додека тие се впуштаат во населените области во потрага по храна. Вкупно 1.056 кафеави мечки биле фатени и убиени во Хокаидо во годината до април 2022 година, што е највисоко досега и прв пат бројот да надмине 1.000, според префектурата.

Од вкупниот број, 999 кафеави мечки беа истребени за да се спречи оштетување на земјоделските култури или затоа што се сметаа за опасност за локалното население. Бројот на луѓе повредени или убиени во инциденти со мечки изнесува вкупно 14 во истиот период, при што штетата на земјоделските култури се проценува на 262 милиони јени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот