Во Италија уапсен 15-годишен член на неонацистичка група, се подготвувал да убие бездомник

15-годишен тинејџер, кој наводно целосно се идентификувал со неонацистичката идеологија, е уапсен денеска во градот Болцано, во регионот Алто Адиџе во североисточна Италија.

Според италијанските власти, 15-годишникот бил подготвен да изврши убиствен напад врз бездомник надвор од спортскиот објект во областа, а потоа да го пренесе својот криминален чин на „темната мрежа“. Според италијанските медиуми, обвинителството запленило материјал на уапсениот кој се однесува на неонацистички и сатанистички групи.

Обвиненијата покренати против него вклучуваат учество во организација насочена кон терористичка акција, производство на експлозивни направи, нелегално поседување оружје, поседување и ширење детска порнографија. Тинејџерот наводно бил член на меѓународна неонацистичка група. При рација во неговата резиденција биле запленети два компјутера, како и една секира.

Членовите на предметната неонацистичка група, наводно, се согласиле да организираат „недела на терор“. Односно, убивање на мигрант или бездомник, а потоа да го објават релевантно видео на „темната мрежа“.

„Овој случај предизвикува огромна загриженост и вознемиреност и поради возраста на уапсениот, и во врска со неговите меѓународни контакти – од терористичка природа – и неговите цели“, рече директорот на полицијата во Болзано, Паоло Сартори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот