Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Во Италија осудени седуммина членови на Ндрангета, добија вкупно 125 години затвор

Седуммина членови на италијанска мафијашка организација Ндрангета се осудени на вкупно 125 години затвор. Тие, според судот, се инфилтрирале во градските совети на Анцио и Нетуно, во регионот Лацио, во кој се наоѓа главниот град на Италија, Рим.

Според агенцијата АНСА, шефот на калабриската мафија, Џакомо Мадафари, доби 28 години затвор, додека неговиот заменик, Давиде Пероначе, е осуден на 20 години, пренесе агенцијата Анса.

Двата градски совета на овие приморски градови, познати по битките во Втората светска војна, беа распуштени поради мафијашката инфилтрација.

Ндрангета е најбогатата италијанска мафија благодарение на контрола над европската трговија со кокаин и важи за најмоќна и најопасна, надминувајќи ја сицилијанската Коза Ностра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот