Џонсон и Џонсон вакцина/ Фото: ЕПА

Во Грција денеска пристигнува првата пратка од вакцината на „Џонсон и Џонсон“, засега нема промени во планот

Се прилагодуваме на секоја тешкотија, тоа го знаеме и го покажавме од почетокот. Пратката ќе пристигне регуларно, камионот веќе е на пат кон Атина, вели генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција, Мариос Темистоклеус и потврдува дека нема промени во однос на првата прата од 33.600 дози од вакцината на Џонсон и Џонсон, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката државна телевизија ЕРТ, Темистоклеус, кој е надлежен за процесот на имунизација во земјата вели дека останува првичниот план, имунизацијата со конкретната вакцина да започне во понеделник.

-Планот е за во понеделник, ги очекуваме во следните денови и часови соопштенијата и од Европската агенција за лекови и од ФДА во врска со вакцината, објасни Темистоклеус и додаде дека без разлика на одлуките за „Џонсон и Џонсон“, главниот дел на процесот на имунизација е базиран на вакцината од Фајзер и во мај се очекува во Грција да пристигнат 1,5 милиони дози.

Генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција рече дека е задоволен од тоа како тече вакцинацијата во земјата, истакна дека сепак може да биде и поголем процентот на учество на граѓаните, упатувајќи апел да се имунизираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!