
Во Грција еден куп пиромани, уапсени пет лица за предизвикување пожари
Нема да запреме да ги истражуваме сите пожари, детално, еден по еден за одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата и да ги платат последиците од нивните криминални дејствија, истакна министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас и посочи дека биле уапсени пет лица за предизвикување пожари, јави дописничката на МИА од Атина.
Препорачано
Кикиљас објасни дека денеска пред истражен судија бил изведен 66-годишен маж, уапсен поради предизивикување пожар со умисла во четирите пожари од 8 и 9 јуни во атинското предградие Вари, додека пак на 33-годишен маж му била одредена мерка притвор, откако беше уапсен исто така за предизвикување пожар со умисла пред една седмица.
Надлежниот грчки министер додаде дека вчера биле уапсени уште тројца мажи кои се обвинети дека при работа на отворено во неделата го предизвикале пожарот во централна Грција, што беше во близина на населено место.
– Новиот кривичен законик предвидува затворски казни до десет години за предизвикување пожар од небрежност, бидејќи делото веќе е кривично и до 20 години за подметнување пожар со умисла, истакна Кикиљас.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
28сек
-
18мин
-
18мин
-
26мин
-
32мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5