Апсење
Апсење / илустрација / Фото: ЕПА/ЕФЕ

Во Гостивар приведен бегалец од затвор, бил осуден на 10 години

Вчера во Гостивар бил приведен четириесет и двегодишниот М.М од гостиварското село Дебреше. М.М бил баран со централна потерница за одлежување на уште шест години од 10 годишната затворска казна.

Четириесет и двегодишниот гостиварец бил осуден за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на шест години од казната.

– При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот