Германци: Фото: ЕПА

Во Германија за првпат има повеќе атеисти отколку католици и протестанти заедно

Во Германија за првпат бројот на луѓе без религиозна припадност го надминува бројот на католици и протестанти заедно, пренесува британски „Тајмс“.

Според податоците објавени во средата од Истражувачката група за светогледи во Германија, до крајот на 2024 година во земјата имало околу 39 милиони луѓе кои се идентификуваат како секуларни, во споредба со околу 38 милиони кои остануваат членови на која било од двете главни христијански деноминации.

Процентот на нерелигиозното население е 47%, додека католиците и протестантите заедно за 45%. Само околу 5% од населението се активни во својата вера, покажуваат податоците.

Бројот на католиците во Германија првпат падна под 20 милиони, со 19,8 милиони, што претставува околу 24% од населението. Евангелистичката црква пријавила околу 18 милиони членови, или приближно 21%.

Заедно, двете големи христијански цркви изгубија повеќе од 1 милион членови минатата година.

Мнозинството од населението во Германија сè уште се идентификува со религија.

Покрај двете главни христијански цркви, истражувачката група проценува дека има околу 3,3 милиони муслимани и стотици илјади други христијани или членови на христијанските заедници во Германија. Тука спаѓаат различни православни цркви, слободни цркви и Јеховини сведоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот