Нови израелски напади во Газа/Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Во Газа убиен 31 Палестинец вклучувајќи тројца кои чекале помош

Најмалку 31 Палестинец беа убиени денес во израелските напади низ Појасот Газа, вклучувајќи три лица кои чекаа во ред за помош во Кан Јунис, изјавија здравствени извори за новинската агенција Вафа.

Според изворите, седум члена на исто семејство беа убиени во израелскиот напад врз бегалскиот камп Нусеират, додека седум лица, меѓу кои три деца, беа убиени во градот Газа и околината, а неколку беа повредени.

Во близина на градот Деир ал-Балах, израелските војници застрелаа едно лице и ранија неколку други, според Вафа.

Министерството за здравство на Газа во среда соопшти дека од почетокот на војната во октомври 2023 година, Израел уби најмалку 63.746 Палестинци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!