
Што откри црногорската полиција при упадот на најголемата плантажа со марихуана?
Вишото државно обвинителство им одреди мерка тридневен притвор на 40-годишниот Златко Мараш од Зета и 65-годишниот Драган Перовиќ од Бар, кои беа уапсени во акција за откривање на најголемата плантажа со марихуана во Црна Гора со повеќе од 13.000 садници, пренесува Н1.
Препорачано
Вршителот на должноста директор на Полициската управа, Лазар Шчепановиќ, на прес-конференција изјави дека заплената вклучува марихуана во вредност до 10 милиони евра. Плантажата е откриена на локација во областа Црмница, а непристапниот терен бил погодна за лицата кои учествувале во овој потфат.
„Засадени се 13.000 садници, станува збор за избор на соодветно земјиште, систем за наводнување и водоснабдување, систем за снабдување со електрична енергија“, рече Шчепановиќ.
Тој објасни дека плантажите се на осум парцели и се во сопственост на 15 различни сопственици. Плантажата е откриена пред два дена, а јавноста беше информирана за тоа вчера. Се работи на идентификување на сите лица поврзани со плантажата со марихуана.
„Полициската управа работи на идентификување на сите лица поврзани со плантажата со марихуана кои придонеле за криминалните активности, преработката и подоцна планираната дистрибуција“, објави Шчепановиќ на прес-конференција.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5