Сообраќајци / Фото: Архива

Во Центар вечерва посебен режим на сообраќајот поради трка

Од СВР Скопје информираат дека денеска во периодот од 17:30 до 21:00 часот во центарот на градот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на трка.

Трката ќе започне пред Основното училиште „Кочо Рацин“, а трасата ќе продолжи десно по улицата „Тодор Александров“, потоа по „Партенија Зографски“ и „Ацо Караманов“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот, кој ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници, велат од полицијата и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници со цел безбедно и непречено одвивање на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот