Фото: Скриншот/Јутјуб

Во Битола ќе се промовира монографија за маестро Кире Костов

Вечерва во 19:00 часот, во Офицерскиот дом – Битола, ќе се одржи промоцијата на монографијата посветена на композиторот, инструменталист и диригент Кире Костов (1949–2023).

Монографијата, создадена со љубов на неговата сопруга Кармен Костова и семејството и со авторство на Снежана Анастасова Чадиковска и Марко Коловски, е сведоштво за творечкиот опус и животниот пат на маестро Костов, од првите чекори во родната Битола, преку децениската работа во Танцовиот оркестар на МРТ И ФМУ до композициите и аранжманите кои станаа дел од колективното музичко наследство на Македонија.

Монографијата е омаж на авторот на над 300 композиции, бројни џез дела и фестивалски проекти, но пред сè на човекот кој ја претвори музиката во животна мисија.

Оваа промоција е првото јавно претставување на монографијата, токму во градот каде што започна неговиот музички пат. Настанот е дел од програмата на Битфест, во организација на Културно-информативниот центар – Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот