
Во Албанија отворен портал на македонски јазик „Македонски глас“
Со залагање на македонски активисти од општина Пустец, предводени од поранешниот градоначалник Едмонд Темелко и Панди Јани и финансиска поддршка од македонското МНР од неодамна во Албанија функционира порталот на македонски јазик „Македонски глас“.
Препорачано
-Група активисти аплициравме на објавениот повик на МНР за поддршка на проекти за Македонците во Албанија и во соработка со амбасадата во Тирана, со проект за отворање портал за Македонците во Албанија. По добиените финансиски средства почна да функционира порталот, кого го одржуваат млади лица на доброволна основа, вели Темелко за МИА.
Според него, порталот е посветен на информирање, едукација и поврзување на македонската заедница во Република Албанија.
-Има за цел да ја зачува и промовира македонската култура, јазик и идентитет преку објавување на релевантни вести, анализи и содржини од културен, историски и општествен интерес, вели Темелко.
Тој додаде дека седиштето на „Македонски глас“ е во Република Албанија, каде што „активно работи за унапредување на правата и интересите на Македонците“.
Во Албанија постојат весникот „Преспа“, најстаро гласило на Македонците и весникот „Илинден“, кои се во печатено и електронско издание, како и „Македониум“, кој има само електронско издание.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5