Кит Едмунд Гавин погубен во затвор/Фото: ALABAMA DEPARTMENT OF CORRECTIONS VIA AP

Во Алабама погубен со смртоносна инјекција осуденик на смртна казна за убиство извршено во 1998 година

Шеесет и четиригодишен Американец осуден на смрт за убиство на возач на камион, татко на седум деца во 1998 година, бил погубен со смртоносна инекција во четвртокот во Алабама, соопштија затворските власти во јужната американска држава.

Според соопштението, Кит Едмунд Гевин бил погубен со смртоносна инјекција и починал во 18:32 часот по локално време.

Гевин, кој се изјасни за невин, беше осуден за убиство на Вилијам Клејтон, 68-годишен возач на камион и татко на седум деца, додека вадел пари од банкомат за да оди на вечера со сопругата.

Во тоа време, Гевин беше на условна слобода откако отслужи 17-годишна затворска казна за претходно убиство во Илиноис.

Оваа година во Алабама се извршени уште две егзекуции, едната од нив со вдишување азот, што е првпат во светот. Оваа егзекуција наиде на силни критики, при што ОН го споредија со форма на „мачење“.

Претходно оваа недела, Врховниот суд на САД ја одложи планираната егзекуција на осуденик на смрт во Тексас, по жалбата на неговите адвокати.

Во 2023 година имало 24 егзекуции во САД, а досега годинава 10 егзекуции.

Смртната казна е укината во 23 од 50 држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот