
Во африканска земја се шири смртоносен вирус „Марбург“
Екваторијална Гвинеја го потврди ширењето на вирусот „Марбург“, многу заразна и смртоносна болест слична на ебола, откако најмалку девет лица починаа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Препорачано
Во централноафриканска земја повеќе од 200 луѓе се во карантин и ограничено е движењето во провинцијата Ки-Нтем по откривањето на непозната хеморагична треска. И соседната земја, Камерун, исто така, го ограничи движењето долж својата граница поради загриженоста за ширењето на заразата.
СЗО соопшти дека во Екваторијална Гвинеја покрај деветте смртни случаи, пријавени се 16 случаи на сомнителен вирусот „Марбург“, кои вклучуваат симптоми на треска, замор, како и повраќање и крвава дијареја.
Вирусната болест Марбург може да има стапка на смртност до 88 отсто. За болеста нема вакцина и одобрени антивирусни третмани.
Локалните здравствени власти првично пријавија случај на непозната болест која предизвикува хеморагична треска, а примерокот на 6 февруари беше испратен во лабораторија во Сенегал, што беше позитивен на вирусот Марбург.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
14мин
-
19мин
-
30мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5