Папата Франциск / Фото: Tiziana FABI / AFP / Profimedia

Во 2019 година Папата Франциско ја посети Северна Македонија

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск, кој почина на 88-годишна возраст, во мај 2019 година ја посети Северна Македонија.

Посетата беше дел од неговата тридневна турнеја во Северна Македонија и Бугарија и тоа претставуваше прва посета на еден поглавар на Римокатоличката црква на државава.

На скопскиот аеродром, папата беше пречекан од тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов и од тогашниот премиер Зоран Заев, а со највисоки државни почести беше пречекан и во претседателската вила на Водно.

На плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржа централната прослава на која присуствуваа околу 15 илјади луѓе и 300 новинарски екипи, папата Франциск служеше понтификална Света Литургија.

Папата ја посети и Спомен куќата на Мајка Тереза, која во 2016 година од страна на Ватикан беше прогласена за светица.

Посетата на папата Франциск се одвиваше под силни безбедносни мерки и со посебен сообраќаен режим.

Посетата на поглавот на Римокатоличката црква се поклопи со одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи а Северна Македонија со Ватикан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот