Положување цвеќе на споменикот ма евреите/ Фото: Драган Митрески

ВМРО-НП бара на потомците на погубените македонски Евреи им се вратат одземените недвижности

ВМРО-Народна партија се придружува кон одбележувањето на 80 годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка. Де факто дел од најголемата човечка трагедија во историјата на човештвото, соопштија од партијата.

-Сакаме да потсетиме дека Холокаустот беше политика на нацистичка Германија во која околу 6 милиони Евреи ширум Европа се најдоа на патот кон смртта во концентрационите логори. Од таа политика на нацизмот многу сериозно беше погоден целиот регион но и државите со кои споделуваме заедничко минато. Така во Хрватска беше воспоставен логорот „Јасеновац“ за кој и до ден денеска остана мистерија зошто југословенските партизани никогаш не направија обид да ги ослободат евреите кои беа затворени таму. Соседна Србија пак беше првата држава во Европа која уште во 1942 година се прогласи за држава „ослободена од Евреите“, а исто така и Царството Бугарија беше приморано 1943 да соработува во рамките на истите нацистички планови, нагласуваат од ВМРО-НП.

Партијата порачува дека денеска кога одбележуваат 80 години од депортацијата на македонските Евреи добро е конечно да се направи список на недвижностите кои им биле одземени на македонските Евреи и кои денеска се наоѓаат или во приватни раце или пак македонската држава ги користи и располага со нив.

-Сметаме дека крајно време е тој имот да се врати на нивните потомци, доколку ги имаат или пак на еврејската заедница. На тој начин најдобро ќе се оддолжиме и поклониме на споменот на жртвите од политиката на Холокаустот која ја спроведуваше хитлерова Германија ширум Европа, сметаат од ВМРО-НП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!