
ВМРО-ДПМНЕ со низа соопштенија: Државата е мексикански картел, Тиранската платформа го дели народот, не го обединува
Спасовски и Ковачевски државата ја претворија во мексикански картел, криминалци слободно се пресметуваат со полицијата и никој не одговара, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Препорачано
Спасовски и Ковачевски ја деградираа МВР. Бегството на затвореник, осуден на долгогодишна казна затвор заради убиство, кој притоа ранил полицаец, а Спасовски уште не го пронашол е доказ дека МВР е обезглавена. МВР со Спасовски е до толку понижена што бегството се случило во сред Скопје, каде има голем број полициски службеници, станици и оперативци.
По кражбата на оружје од полициско депо за кое не се знае сторителот, по кражбите на неколку тони марихуана кои се неразјаснети, по дојавите за бомби кои не можат да ги лоцираат, сега и бегство на затвореници осудени за убиство, се јавува сомнеж дека со Спасовски и Ковачевски на чело МВР намерно го штити криминалот, се посочува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ ја коментира и средбата на лидерите на политичките партии на Албанците од Македонија кои беа на средба со Еди Рама во Тирана.
Тиранската платформа го дели народот, не го обединува, Ковачевски да каже какви задачи добил од Ахмети. Ковачевски да каже дали и кои национални отстапки треба да ги направи или се работи за бизнис интереси? Ковачевски и Ахмети не работат за доброто, ниту на Албанците во Македонија, ниту за Македонците, тие работат само во свој личен интерес со криминал и корупција. Ковачевски е позитивен за средбата во Тирана зошто таа е на негово барање и за негов спас, затоа и молчеше, а потоа и со задоволство коментираше, се вели, меѓу другото, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.